Миркуловски: Ние сме подобри од Црна Гора, ама со стоење и одење не се победува

Македонија беше поразена од Црна Гора со 28-24 во второто коло на Европското првенство и ги загуби шансите за место во главната рунда.

Средниот бек Филип Миркуловски беше разочаран по поразот со кој остануваме без бодови по два меча.

„Разочарани сме многу. Поквалитетни сме од Црна Гора, но тоа како и секогаш мора да се докаже на терен. Фаворитите не победуваат секогаш и не можеме со стоење и одење да побеидме било кој. Се спремавме добро, трениравме напорно, но има нешто што не се тренира – тоа е душа и срце. Штета што тоа вечерва го немавме. Што ми е многу жал. Да изгубевме во борба немаше толку да жалам. Изгубивме со четири гола разлика, но и со срце и душа. Ние сме одлична екипа, но денес не победи квалитетот“, изјави Миркуловски.

За Македонија останува да го одигра уште натпреварот од третото коло против Данска во понеделник.