Миркуловски и Пешевски се разиграа, имаа одлична вечер

После вчерашните настапи на Филип Кузмановски и Мартин Томовски денеска на терен се најдоа и Филип Миркуловски и Жарко Пешевски кои поминаа далеку подобро и дојдоа до победи со своите тимови.

Миркуловски кој сезонава има двојна улога односно е и играч и помошен тренер покажа дека уште може да игра во врвна форма. Тој беше еден од најдобрите на терен на гостувањето кај Минден каде тимот на Вецлар дојде до победа од 29:24.

Средбата ја заврши со три гола од четири удари така што дојде до одлична завршница со што тимот на Вецлар си обезбеди значајни бодови од тешкото гостување.

Жарко Пешевски исто така имаше добар придонес за тимот на Штутгарт и постигна два гола од три обиди. Штутгарт се избори за победа од 31:23 против Тусем Есен со што дојде до триумф со кој покажува дека сезонава може да се игра добро.

Ова беше убава вечер за двајцата македонски интернационалци кои покажаа дека имаат важна улога во своите тимови.