Миркуловски и Кузмановски почнаа подготовки со Вецлар – следуваат тестови со Рајн Некар, ПСЖ, Фуксе…

Тимот на Вецлар вчера ги стартуваше подготовките за претстојната натпреварувачк сезона во Бундес лигата.

На првиот тренинг беа присутни асистентот тренер – Филип Миркуловски, како и актуелниот репрезентативец на Македонија – Филип Кузмановски.

Со новиот тренер Франк Карстенс, Вецлар ќе се обиде во новата сезона да не стравува како минатата за опстанокот во елитното бундес друштво.

Тестовите почнуваат на 28 јули против второлигашот Постад, а потоа ќе следуваат настапи на два турнири и дуели со Ајзенах, Фуксе Берлин, Ерланген, Бергишер, Хутенберг, данскиот Морс.

На 16 август ќе биде пресметката со Рајн Некар Левен, додека на 18 август е дуелот со ПСЖ. Во првото коло од Бундес лигата, Вецлар на домашен терен го пречекува европскиот првак Магдебург на 25 август.