Миркуловски и Вецлар со силен отпор против големиот Кил

Тимот на Кил предводен од норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен славеше на гостувањето кај Вецлар со 31-25.

Домашниот тим кој од клупата го води Филип Миркуловски во првиот дел имаше предност во повеќе наврати од три гола, но попушти во финишот на полувремето.

Кил водеше со плус два, 15-13 на паузата, а во вториот дел по десетина минути игра зголеми на три и потоа само рутински го приведе мечот до крајот.

Во составот на Кил се истакнаа Сагосен, Ландин и Билик со по пет гола, како и голманот Ландин со 12 одбрани, додека во тимот на Миркуловски се истакнаа Рубин, Новак и Николиќ со по пет гола.