Миркуловски: Да ни требаа бодовите ќе бевме уште подобри, но има место за напредок

Репрезентативците на Македонија ветија победа против Швајцарија за Велигден и истата ја остварија откако денеска се изборија за триумф од 29:28 со што победнички ги финишираа квалификациите за Европското првенство.

Со пет победи и само еден пораз убедливо се оди на завршниот турнир. Средниот бек Филип Миркуловски  велиде дека има место за напредок.

„Мечот не беше значаен за нас, но за прв пат имаме 10 бода во квалификциите за ЕП, исто бодови со Данска, сакавме тоа да го постигнеме, и го постигнавме. Ние со една убава игра, со релаксирана игра победивме, сепак ако ни требаа бодовите, сигурно ќе бевме и подобри. Има многу место за напредок, влеговме во еден систем, сите играчи разбираат и сфаќаат како треба да играме. Можеби треба да ја забрзаме нашата игра, има доста време до тоа ЕП да се подготвиме и да оствариме добар пласман. Добро оди сега засега, добар е овој концепт на Кире како селектор и како играч, поинаку е кога треба да влезеш на теренот да ги оствариш тие идеи кои ги имаш“, вели Миркуловски.

Капитенот ќе игра уште една сезона, но нејасно е како ќе се одвива ситуација со популарниот Жути.

„Комплицирано прашање. Не е до мене, повеќе до клубот, тие прават ситни проблеми за доаѓање со репрезентација. Јас им реков дека ќе бидат присутен, за понатаму ќе видиме, треба да седнам да разговарам, дали идната сезона ќе бидам играч-тренер или само тренер. Ќе биде тешко за мене, но ќе видиме што ќе се случи“, заврши Миркуловски.

Македонија ќе ги дознае ривалите на ЕП на ждрепката што ќе се одржи на 6 мај во Будимпешта.