Миркуловски во јуни завршува кариера, но останува во Вецлар

Филип Миркуловски е еден од нашите најискусни ракометари, а оваа сезона дефинитивно е последна во неговата кариера како игра.

Миркуловски потврди дека ја игра последната сезона, едноставно како што вели тој и телото кажува дека е доста. Меѓутоа и по завршувањето на кариерата како играч тој ќе остане во Вецлар во нова улога.

„Наредната година останувам во Вецлар како асистент тренер, тоа ќе биде нова улога за мене. Тоа е дефинитивно крај на играчката кариера, што мислам дека е и доволно, во септември полнам 39 години и моето тело веќе не може да ги издржи тие напори. Очекувам да имам барем иста тренерска кариера како играчката, ако не и подобра“, изјави Миркуловски.