Мирко Радовиќ се врати дома и потпиша за Ловќен

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ, по пет години во Битола, се врати во татковината, Црна Гора. Тој потпиша договор со шампионот Ловќен од Цетиње и во следната сезона ќе ги браните боите на неговиот матичен клуб.

Претходно на социјалните мрежи, Радовиќ емотивно се прости од Битола, Еурофарм Пелистер и Чкембари. На десната крилна позиција во овој момент Еурофарм Пелистер останува со македонскиот репрезентативец Ненад Костески.

Покрај Радовиќ, амбициозниот Ловќен за следната сезона ги врати во своите редови уште двајца ракометари што настапуваа во Македонија.

Десниот бек Вук Лакичевиќ, кој настапуваше за Струга се врати во Ловќен, како и пивотот Лука Вујовиќ, кој беше дел од Работнички и Металург, оди во тимот од Цетиње.

Таму настапуваат екс членот на Пролет и Вардар, Жарко Пејовиќ, како и некогашниот среден бек на Охрид, Филип Кривокапиќ.

Радовиќ се прости од Чкембари: Се разделуваме на најубав можен начин, клубот е во сигурни раце!