Министерот за одбрана се спрема да биде вистински министер

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски, од денеска влезе во политичките води, откако беше именуван за стратешки соработник за прашања од областа на спортот на лидерот на опозициската партија во нашата држава.

Тимот советници содржи 16-тина експерти за повеќе области, домашни и странски, а меѓу нив е и актуелниот голман на португалскиот тим Бенфика.

Влегувањето во политиката, веројатно уште отсега дава насока, во кој правец ќе се движи неговиот професионален живот.

Ристовски е долгогодишен македонски репрезентативец, а има настапувано во екипи како Барселона, Рајн Некар, Гумерсбах, Вардар, Металург и уште многу други.