Минатиот викенд славеше титула во ЛШ, а овој славеше љубов (ФОТО)

Минатиот викенд во Келн, голманот Гонзало Перес Де Варгас, со тимот на Барселона ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Овој викенд, шпанскиот чувар на мрежата стави крај на ергенскиот живот и се ожени со кошаркарката Итциар Лобет.

На свадбената веселба беа присутни многу колеги на Де Варгас од националниот тим и од шпанскиот гигант Барселона.

Алекс Душебаев, Хорхе Македа, Валентан Порт, Гудјон Валур Сигурдсон, Никола Карабатиќ, Али Зеин, Феран Соле, Анхел Фернандес, Хулен Агинагалде…

Првиот танц на младите беше на импровизиран ракометен терен.