Милошески уште две години во Бутел Скопје

Левиот бек на Бутел Скопје, Христијан Милошески, го продолжи договорот со тимот за уште две сезони.

Иако прилепчанецот има актуелен договор и за оваа сезона, сепак раководството на Бутел реши да му понуди нова соработка.

Милошески има 21 година, потекнува од составот на Филип Прилеп, беше дел и од вториот тим на Вардар, а го носеше дресот и на Работнички.

Беше еден од подобрите стрелци во Бутел Скопје во незавршената сезона, а се очекува истата улога да ја има и во новата.