Милосављев е најдобриот голман во Бундес лигата – собра 365 одбрани (ФОТО)

Голманот на Фуксе Берлин и екс член на Вардар, Дејан Милосављев имаше одлична сезона меѓу стативите на екипата од Берлин и според статистиката има најмногу одбранети удари за изминатата сезона во Бундес лигата.

Голманот од Србија на натпреварите во Бундес лигата забележа вкупно 365 интервенции. Милосављев помина и најмногу време на голот од сите преостанатите голмани во најквалитетното натпреварување на светот.

И во следната сезона, Милосављев ќе го носи дресот на Фуксе Берлин. Српскиот голман беше дел од тимот на Вардар што во сезона 2018/2019 ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Екипата на Фуксе Берлин заврши на 4. позиција на табелата во Бундес лигата и обезбеди пласман во Лига на Европа.