Миклавчич ја заврши кариерата, ќе има друга функција во Горење Велење

Некогашниот словенечки репрезентаитвец Давид Миклавчич, реши да стави крај на играчката кариера на 39 години.

Тој ги одигра последните четири сезони во дресот на Горење Велење, со кој оваа сезона стигна до четвртфиналето на Лигата на Европа.

Сепак поранешниот десен бек ќе остане во ракометот, но не како играч, туку како спортски директор во тимот од Велење.

Миклавчич потекнува од составот на Гросупље, во Словенија покрај за Горење, играше за Целје Пивоварна Лашко и Тримо Требње.

На меѓународна сцена ги носеше дресовите на белорускиот Динамо Минск, францускиот Трембле и хрватскиот Загреб. За националниот тим настапи на 107 меча и даде 149 гола.