Мешков прослави нова титула, навивачите се збогуваа со оние кои си заминуваат (ФОТО)

Со натпреварот против екипата на СКА Минска и победата од 37:27 екипата на Мешков Брест дојде до нова титула во првенството на Белорусија со максимални 48 поени на досегашните 24 натпревари.

Екипата на Мешков Брест сега ја очекуваат неколку измени за новата сезона. По натпреварот, Мешков Брест го доби шампионскиот пехар за оваа сезона, а навивачите ја искористија церемонијата за збогување со играчите кои ќе си заминат на крајот од сезоната.

Шампионот на Белорусија ќе го напуштат неколку играчи. Со дел од играчите си заминува и тренерот, Раул Алонсо.

Марко Паниќ, Симон Разгор, Сандро Обрановиќ и Александар Шукрински решија за следната сезона да настапуваат во други клубови.

Од раководството на клубот на играчите кои ќе си одат им се заблагодарија за својот придонес и посветената игра.

При крајот на месец мај, Мешков Брест ќе ги одигра последните натпревари за оваа сезона.

Екипата предводена од Раул Алонсо ќе ја брани титулата во Купот на Белорусија.

Тимот на Мешков Брест најверојатно ќе биде противникот на Еурофарм Пелистер во четврт-финалето од СЕХА лигата.