Мешков донесе десен бек од ПИК Сегед – потпиша Станислав Кашпарек

Десниот бек на ПИК Сегед и чешката репрезентација, Станислав Кашпарек, по три сезони заминува од Унгарија и се сели во Белорусија.

Кашпарек потпиша договор на две сезони со тимот на Мешков Брест и ќе биде замена за Марко Паниќ кој се сели во францускиот Монпелје.

Чешкиот репрезентативец претходните две сезони ретко добиваше шанса покрај Балог, Македа и Степанчиќ и Пастор најчесто го користеше за дуелите од домашното првенство, па реши да си најде нов средина по истекот на договорот.

Во Мешков Брест ќе формира дуо со полскиот репрезентативец Павел Пачковски на десната бековска позиција. Кашпарек потекнува од тимот на Робе Жубри, а од 2015 година е во Унгарија, каде играше за Балатонфуреди и ПИК Сегед.