Мешков Брест ја „напиша“ домашната, сега ќе мисли само на Барса

На три кола до крајот на белорускиот шампионат, Мешков Брест, ја освои 13-та титула во клупската историја.

Избраниците на Раул Алонсо, триумфираа на гостински терен кај најголемиот ривал СКА Минск со 34-41.

Со оваа победа Мешков има 42 бодови на првото место, а СКА Минск е втор со 30 и не може да го престигне тимот од Брест.

Мешков Брест ја заврши домашната задача и сега може да се концентрира на двомечот од четвртфиналето со Барселона во Лигата на шампионите.