Мешков Брест се подготвува за прослава на титулата во Белорусија

И додека секаде низ Европа и низ светот првенството на Белорусија е во финиш и се играат последните натпревари така што останува уште малку до прогласувањето на шампионот.

Мешков Брест денеска успеа да го добие дерби дуелот против СКА Минск и го совлада со 40:32 на гостување така што веќе е речиси јасно кој на крајот ќе дојде до титулата. После овој натпревар Мешков Брест има 44 бода од 23 одиграни средби, додека СКА Минск има 42 поени, но и два натпревари повеќе така што тешко ќе може да направи нешто повеќе за да дојде до поместување.

Ракометарите на Мешков Брест сезонава имаат само еден пораз и тој на дуел со СКА Минск. Со оглед на тоа што против другите ривали редовно доаѓаат до победа сосема извесно е дека Мешков Брест се наоѓа пред освојување на 12. титула во првенството на Белорусија. Од нив ова ќе биде број 6 во серија.