Мешков Брест се засили со тројца Руси

Белорускиот шампион Мешков Брест официјално ги претстави новите интернационални засилувања за следната сезона, во која ќе учествува само на домашна сцена, со оглед на тоа дека клубот беше исклучен од Лигата на шампионите, откако ЕХФ воведе санкции за белоруските и руските клубови поради политичката ситуација во Украина.

Кружниот напаѓач Еудард Клименко и голманот, Алексеј Соловев, кои имаат 19 години, потпишаа професионални договори со Мешков Брест. Раководството на белорускиот клуб со младите ракометари од Русија се договори на тригодишна соработка.

Клименко и Соловев редовите на Мешков Брест ќе ги засилат од полската екипа, Гвардија. Во Мешков Брест ќе пристигне уште еден ракометар од Русија. Станува збор за десниот бек Дмитриј Артамонов од Абкузат.

Претходно договор со клубот од Белорусија потпиша рускиот голман, Денис Заболотин, кој можеби е најзвучното засилување бидејќи доаѓа од рускиот суперлигаш, СКИФ Краснодар. Заболотин беше дел од составот на руската репрезентација на Европското првенство во 2020 година.