Мешков Брест останува без Бранко Канкараш

Белорускиот шампион Мешков Брест, како и секоја година, така и оваа ќе менува многу играчи во ростерот.

На пикерската позиција на местото на Црногорецот Бранко Канкараш, доаѓа Босанецот Валдимир Врањеш.

Иако Канкараш имаше опција за продолжување на договорот, сепак не го стори тоа и ќе бара нов клуб.

„Заедно со клубот одлучивме да се разделиме, бидејќи не играв онолку колку што сакав. Кога и да играв, покажував квалитет, но не добивав доволно шанси. Најважно ми е да игра, немам 40 години, па да бидам на теренот 15-20 минути. Поради тоа сметам дека е време да се разделиме“, вели Канкараш за МНЕ Рукомет.

Покрај него од тимот заминува и Вилијам Акамбре, а доаѓаат Павел Пачковски од Веспрем, Сташ Скубе од Вардар и Владимир Врањеш од Татабања.