Мешков Брест ослабен во Скопје – без петмина против Вардар

Белорускиот првак Мешков Брест денеска околу пладне ќе пристигне во Скопје за натпреварот од Лигата на шампионите против Вардар.

Во експедицијата на тренерот Даниел Гордо се 16 ракометари, но дел од нив со мало европско искуство.

Нема да играат голманот Иван Пешиќ, кој нема заиграно сезонава, потоа Јака Малус кој се повреди на дуелот со СКА Минск од белоруското првенство, Павел Пачковски, Артем Селвасјук и Егор Будејка, кои исто така од претходно се на пауза.

Белорускиот тим синоќа отпатува за Варшава, ноќеваше во полската престолнина, а денеска со лет од Варшава ќе допатува во Скопје после пладне.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.

Состав на Мешков Брест: Мацкевич, Усик, Санталов, Бонфон, Рубенков, Скубе, Силко, Кашпарек, Јуринок, Томашук, Вајлупов, Вергејчик, Баранов, Датчук, Врањеш и Шумак.