Мешков Брест „на рати“ ќе допатува во Битола

Белорускиот првак Мешков Брест „на рати“ ќе допатува во Битола за четвртфиналниот меч од регионалната СЕХА лига.

Од Русија и Белорусија е многу тешко да се најде конекција до Европа, па ракометарите и стручниот штаб во две групи ќе дојдат во Битола по разни маршрути.

Првата група ќе патува од Брест од Минск со автобус, а потоа од Минск преку Истанбул до Скопје ќе пристигне во Македонија. Потоа ќе следува пат со автобус до Битола.

Втората група ќе патува од Брест до Варшава со автобус, а потоа од полската престолнина со директен лет до Скопје ќе пристигне во Македонија. Потоа повторно ги чека пат со автобус до Битола.

Тимот треба да се собере утревечер во Битола, каде ќе одржи тренинг и ќе има уште еден ден плус за адаптација пред средбата в четврток.

Во Брест останаа кружниот напаѓач Артем Селвасјук и десниот бек Дмитри Артамонов поради повреда.

Состав на Мешков Брест:

голмани: Денис Заболотин, Илја Усик
леви крила: Андреј Јуринок, Едуард Јарош
десни крила: Максим Баранов, Данила Вергејчик
пивоти: Павел Андреев, Вјачеслав Шумак, Олег Тарасевич
леви бекови: Дарко Стевановиќ, Алексеј Шинкел
средни бекови: Алексеј Соловјев, Александр Подшивалов, Валентин Куран
десни бекови: Егор Будејко, Николај Алјохин

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра в четврток во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.