Мешков Брест во проблеми – приведени главните менаџери на спонзорот

Главниот спонзор на белорускиот шампион Мешков Брест се соочува со проблеми откако против главните менаџери на компанијата беа поднесени кривични пријави.

Во случајот се приведени 15 лица, меѓу кои високи менаџери од „Белгазпромбанк“, како и поранешни вработени кои сега работат во други компании. Лицата се теретат за перење пари и затајување данок.

Според раководителот на секторот за борба против криминал приведените самоиницијативно враќаат дел од средствата кои ги присвоиле незаконски. Покрај тоа за време на истражните активности одземени се средства во износ од повеќе од 4 милиони долари, како и хартии од вредност во износ од 500.000 долари.

Докази за вмешаност во кривичното дело има и за поранешниот директор на банката, Виктор Бабарико, кој се кандидира за претседател на Белорусија. Банката „Белгазпромбанк“ е главен спонзор на Мешков Брест и овој скандал може да се одрази и на финансирањето на клубот.