Металурзи заглавија во Варшава!

Слично како и на Вардар пред десетина дена, така и на ракометарите на Металург, не им беше дозволено да се качат на авионот од Варшава до Франкфурт.

Иако компанијата со која требаше да летаат има објавено дека дозволува антигенски тестови, сепак службените лица им бараа на металурзи ПЦР тестови.

Тимот од Автокоманда замина утринава со автобус од Плоцк до Варшава, а потоа требаше да има два лета – Варшава до Франкфурт и Франкфурт до Белград.

Денеска играчите, стручниот штаб и новинарите остануваат во полската метропола, а најверојатното решение ќе биде пат преку Истанбул до Скопје во текот на утрешниот ден.

Металург го чека нов натпревар од Лигата на Европа, на 20 февруари против рускиот првак Чеховски Медведи.