Металург ќе ги игра во Луксeмбург двете средби со Дуделанж

По ракометарките на Деспина и Чаир, и ракометарките на Металург, во европскиот настап оваа сезона нема да бидат домаќини.

Тие ќе ги одиграат двете средби од второто коло на Европскиот Куп на теренот на ривалот Дуделанж во Луксембург.

Првата средба се игра на 16 октомври од 19:00 часот, додека вториот натпревар е утредента, на 17 октомври од 18:00 часот.

Металург претходно ќе одигра пет средби од Женската лига и ќе има доволно време да влезе во потребната форма за европските настапи.

Покрај Металург, Деспина и Чаир, и тимот на Вардар ќе биде претставник на Македонија во Европскиот Куп, кој веројатно ќе биде единствениот што ќе одигра меч на домашен терен.