Металург ќе биде носител, познати можните ривали во второто коло – Скјерн, Констанца, ЦСКА Москва…

Тимот на Металург по елиминацијата на хрватската Спачва Винковци, се пласира во второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

ЕХФ сега не ги подели екипите по „ковид зони“, па Металург може да игра и со тимови што не се географски блиску до Македонија.

Тимот од Автокоманда се најде во првиот шешир, па ги избегнува Тулуз, Рајн Некар, Магдебург, Спортинг Лисабон…

Меѓу можните ривали има нагазни мини како Скјерн, некогашниот европски првак Бидасоа, романската Констанца…Најдобар избор за нашиот претставник би биле Турда, Тримо, австрискиот Фиверс, можеби швајцарските претставници…

Можни ривали на Металург:

Бидасоа (Шпанија)
Тримо Требње (Словенија)
Винтертур (Швајцарија)
Потаиса Турда (Романија)
Ѓенѓеш (Унгарија)
ЦСКА Москва (Русија)
Констанца (Романија)
Холстебро (Данска)
Фиверс (Австрија)
Скјерн (Данска)
Луцерн (Швајцарија)
Кристијанштад (Шведска)

Ждрепката ќе се одржи утре од 11:00 часот.