Металург ќе бара одложување на средбата против Висла Плоцк!

Во Металург има и трет позитивен случај на Ковид-19, па тимот од Автокоманда ќе биде во изолација следните две недели.

По Мартин Серафимов и еден член на стручниот штаб, во текот на вчерашниот ден беше потврден и позитивен тест на уште еден од ракометарите кој што беше во ростер на последниот дуел со Тулуз.

Раководството на тимот не сака ништо да ризикува и сите што беа во Франција ќе бидат во изолација, а за една недела ќе направат тестови.

Од ЕХФ ќе биде побарано да се одложи средбата од второто коло во Лигата на Европа против полскиот вицепрвак Висла Плоцк, кој треба да гостува во Скопје во вторник на 27 октомври.

Вчерашниот дуел што Металург требаше да го одигра против Младост е одложен, а ист ќе биде случајот и со преостанатите средби од Суперлигата против Работнички и Бутел Скопје.

Трет позитивен случај на Ковид-19 во Металург, тимот од Автокоманда оди во карантин!