Металург се испоти против Бутел, но се врати на терените со победа

Составот на Металург дојде до победа од 20:19 на гостувањето кај Бутел Скопје и со три бода се враќа во Автокоманда. Во натпревар во кој двете екипи се менуваа во предност на крајот од средбата нијанси го одлучија победникот. Домашните имаа свои шанси, но не ги искористија да дојдат до реми.

Натпреварот тргна со проблеми уште на стартот бидејќи двете екипи беа со иста боја на дресови. Средбата доцнеше десет минути, па домашните мораше со маркери на терен.

Тоа не влијаше многу на теренот на играчите кои тргнаа во мал грч. Немаше многу погодоци ниту на едната ниту на другата страна. Се забележуваше трага од паузата во играта кај Металург  така што имашемалку голови.

Долго раликата беше ден погодок при што и двете екипи се менуваа во водство. Немаше одвојување на некој тим така што долго се бараше игра при која некој тим ќе дојде во предност.

Металург ја искористи шансата и откако Бутел имаше 7:5 во 12. минута следуваше период во кој гостите направија 6:0. Ракометарите на Металург дојдоа до 11:7, но потоа во завршните пет минути од првиот дел на средбата ЗлаткоДаскалоски успеа одлично да одбрани и да овозможи на одмор да се замине со негатива од еден гол.

На паузата тимот на Металург имаше 11:10, а ова најави уште поинтересно и повобудливо второ полувреме. Така и беше на теренот каде што цело второ полувреме се играше практично со предност од еден или два гола за некој од тимовите.

Имаше малку голови, но и покрај тоа неивесноста траеше до крајот. И во финишот се влезе со неизвесност во која Металург влезе со 20:19. Младеновиќ доби две минути, а Бутел Скопје пенал. Меѓутоа, Мајиќ не беше прецизен откако Дупјачанец успеа да го одбрани ударот.  Со играч помалку тимот на Металург успеа долго да напаѓа, а Додиќ биеше премлако така што Даскалоски го запре неговиот удар.

Последниот напад беше за тимот на Бутел. Домашните се прекомбинираа во обидот да дојдат до нерешени 20:20, па времето истече додека упатат удар. Последниот шут беше за Мајиќ, но тој биеше во блокот.

16 декември 2020
19 - 20
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Крај
16 декември 2020 20:50 СУПЕРЛИГА Б 2020/2021 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1019Пораз
МЕТАЛУРГ1120Победа

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
6Јовица Младеновскилев бек30
7Томче Стојановскилев бек12
9Марко Божиновскилево крило00
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило01
17Бојан Спасовскидесен бек00
18Христијан Милошевскилев бек01
20Даниел Ацевголман00
22Стефан Стојчевиќпивот00
23Горан Печенковскицентрален бек02
24Златко Даскалоскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
34Кристијан Василевскипивот21
64Мирко Мајиќлево крило07
87Серги Сулимадесен бек15
 Вкупно 719

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Дарко Кондевлево крило01
4Александар Петковскидесен бек00
7Дарио Кофилоскилево крило00
10Даниел Дупјачанецголман01
11Мице Шилеговдесно крило02
13Златко Хорватдесно крило16
17Мартин Серафимовдесен бек05
19Милан Лазаревскипивот02
20Даниел Ѓорѓескиголман00
21Михајло Младеновиќлев бек10
26Марко Тарабокијацентрален бек10
27Теодор Тодескилев бек00
28Андреј Митиќпивот00
44Стефан Додиќцентрален бек03
64Велко Маркоскилев бек20
 Вкупно 520

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
МЕТАЛАРИ КАМЕР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119