Кој утна: И Бутел и Металург играат во бело – домаќините мораа да стават маркери (ФОТО)

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Металург од Б групата на Машката Супер лига доцнеше десет минути, а причината за ова беше појавувањето на терен на двете екипи во исти бои на дресови. Пред натпреварот домашниот состав пријави црни дресови и црни шорцеви, но на терен играчите на Бутел Скопје беа во комплетно бела комбинација.

Со оглед на тоа што на спротивната страна и Металург беше во бели дресови мораше да се најде соломонско решение. Во довор со делегатот на средбата Камер Металари, мораа да се оспособат маркери за да може да се разликуваат двата тима, па составот на Бутел Скопје на оваа средба игра во зелени маркери.

За пропустот сигурно ќе има санкција од РФМ, а поради недоразбирањето доцнеше и ТВ преносот од натпреварот. Нешто слично имаше и на средната од последното ЕП во Данска, кога на средбата меѓу Германија и Холандија, ракометарките на Германија се појавија во црни дресови, исто како и судиите. Само овојпат грешката беше во судиската двојка, која трчаше до соблекувалната и го зема резервниот дрес – сив.

Прашање е само зошто домаќините немале резерни дресови. Ќе се поштеделе од правење дупка на маркерите.

Инаку, денеска на терен е и тренерот на тимот на Бутел Скопје, Кристијан Грчевски, кој ја одработи казната за црвениот картон добиена на дуелот против Работнички.

Бутел моментно е прв на табелата во Б групата со 21 бод, три повеќе од Металург, но тимот од Автокоманда има и две средни помалку. Двете екипи имаат обезбедено место во плејофот, и ќе разигруваат за титулата.

Последен поздрав – Котле засекогаш ќе бидеш во нашите срца (ФОТО)

Металург се испоти против Бутел, но се врати на терените со победа