Металург РА пружи силен отпор, но Аеродром собра полн плен

Ракометарите на Аеродром запишаа нови бодови во групата Б од Првата лига и се зацврстија на петото место откако на домашен терен ја совладаа екипата на Металург РА со 32:29 во 16. коло.

Металург РА после победите во последните две кола одигра уште еден добар натпрeвар, но не успеа да извлечат позитивен резултат. Почетокот на мечот беше максимално израмнет до средината на првиот дел кога домаќините направија прво повисоко водство и имаа предност од 9:6.

До крајот на првото полувреме Аеродром го задржа водството и после 30 минути игра имаше 18:15 позитива. Металург РА немаше сили да внесе неизвесност во натпреварот и мораше да се помири со пораз. Аеродром имаше и највосоко водство од седум гола и рутински до крајот забележа победа.

Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Пајкоски со девет гола и Бојан Николовски со шест погодоци. Во тимот на Металург РА се истакнаа Виктор Крстевски со седум гола и Драган Стефков со шест погодоци.