Металург РА не виде мака со Преспа

Ракометарите на Металург РА ја забележаа третата победа во прволигашката конкуренцијата, откако на домашен терен славеа против Преспа со убедливи 38-16.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога избраниците на Миле Бочкаровски направија висока предност од 12 гола, 20-8.

Во вториот дел ништо особено не се промени на теренот. Гостите грешеа во нападот, а нивните грешки беа лесно казнувани од домашните.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Дамјан Наумовски со десет и Бранко Јосифовски со седум гола, додека кај Преспа се истакна Били Мишевски со седум гола.

Во следното коло, составот на Металург РА ќе биде слободен, додека Преспа ќе му гостува на фаворитот Драчево.