Металург останува без уште еден странец: Никола Потиќ заминува од Автокоманда

Српскиот десен бек Никола Потиќ по само една полусезона си заминува од екипата на Металург.

Потиќ дојде летоска од германскиот Либек, но настапуваше само на натпреварите во Лигата на Европа.

Неофицијално, како следна дестинација на српскиот интернационалец се споменува екипата на Пролет, иако има заинтресирани и други екипи.

Лимитираниот број на странци за настап во Суперлигата, беа причина Металург претходно да се раздели и со Бранко Канкараш.

Во продолжение од сезоната од интернационалците во Автокоманда ќе играат Маријан Мариќ, Марко Тарабокија, Момир Рниќ, Златко Хорват и Милан Поповиќ.