Металург останува без големиот борец – Јована Владева ја заврши кариерата

По официјалниот крај на сезоната, тимот на Металург остана без една од ракометарките што долго време настапуваше во Автокоманда.

Станува збор за Јована Владева, позната по играта во дефанзива, а сезоната што заврши беше последна во нејзината кариера.

Таа на последните натпревари не беше во ростерот на тимот од Автокоманда, но даде голем придонес во освојувањето на третото место во Женската лига.

Владева, која играше на пикерската позиција, повеќе од осум години беше член на Металург и ги помина сите старосни категории во тимот од Автокоманда.