Металург и Еурофарм Пелистер ќе се „тестираат“ во Маврово

Иако ќе бидат во иста група на Струшкиот турнир, големите ривали Металург и Еурофарм Пелистер ќе одиграат уште еден натпревар претходно во Маврово.

Со оглед на многубројните измени во двете екипи, стратезите Зоран Кастратовиќ и Жељко Бабиќ решија да се игра три пати по 30 минути.

Иако подготовките не траат долго, првпат на дело ќе ги видат засилувањата Мандалиниќ, Хорват, Канкараш, Периќ, Мараш, Танкоски…

Натпреварот ќе се одигра в сабота на 8 август, а следната седмица овие две екипи ќе имаат уште една пресметка на Струшкиот турнир.