Металург и Вардар со исти судии против Чеховски медведи и Елверум

На двете средби кои викендов ќе бидат одиграни во Скопје во рамки на Лигата на Европа и Лигата на шампионите на теренот ќе се најдат исти арбитри од Словенија.

Делегирани за натпреварите на Металург и Вардар се Бојан Лах и Давид Сок.

Првиот дуел е в сабота од 18 часот меѓу Металург и Чеховски медведи. Ова е дуел од Лигата на Европа, а делегат е Камер Металари.

В недела од 16 часот, Вардар го пречекува тимот на Елверум во средба од Лигата на шампионите. На таа средба делегат ќе биде Драган Начевски.

И двата натпревари ќе бидат одиграни во салата во СЦ „Јане Сандански“.