Металург и Бутел денеска во директен двобој за Европа, Охрид и Струга ќе играат утре

Во суперлигашкиот плеј-оф денеска се играат три натпревари oд 19:00 часот, додека еден што не влијае на ситуацијата на табелата, ќе се одигра утре.

Во Битола ќе има братско дерби меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер, Вардар гостува кај Пролет, додека Металург и Бутел Скопје во Автокоманда ќе бијат битка за место во Европа.

Која од овие две екипи ќе победи, многу веројатно ќе биде четврта на табелата и ќе игра во Лигата на Европа.

Очекувано е Вардар и Еурофарм Пелистер да стигнат до победи, па во последното коло да биде одлучено за шампионот на Македонија.

Последниот двобој меѓу Охрид и Струга, ќе се игра во текот на утрешниот ден со почеток во 19:00 часот во Велгошти.