Металург играше со десет играчи, Пролет во последната минута го скрши отпорот

Екипата на Пролет си заминува од Автокоманда со три бода откако денеска дојде до победа од 24:22 во натпревар во кој Металург иако имаше десеткуван тим се бореше 59 минути. Ракометарите на Пролет успеаја да стигнат до бодови благодарение на подобриот финиш кога стигнаа до предност за победа и бодови на овој дуел од стартот на сезоната.

Металург на оваа средба влезе со само десет ракометари од кои тројца беа голмани, а тројца пивоти. Од почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде неизвесен дуел иако домашните немаа комплетен ростер и беа без класично лево крило и класичен десен бек. На сето тоа Велко Маркоски играше лев бек во напад, позиција на која нема константен настап уште од јуниорски денови.

Сето тоа не беше проблем за да се игра неизвесен натпревар во кој решаваа нијанси. Од почетокот тимот на Пролет беше во предност, но постојано беше неизвесно. Разликата гол или два, а тоа носеше интересно продолжение на натпреварот. Во финишот од првиот дел Металург дури стигна и до водство од 12:11, но на одмор беше 12:13.

Вториот дел продолжи во ист стил. Пролет контролираше, а проблем за Металург беа исклучувањата. Во моментите кога Хорват беше исклучен тимот на Пролет искористи за да дојде до два гола предност и потоа до крајот да го контролира резултатот. Во последните моменти од средбата се дојде и до плус три.

На минута до крај Пролет имаше 24:21, а тоа водеше кон бодови на овој натпревар. Металург постигна гол за да ја ублажи негативата, но со 22:24 стартуваше со пораз, па сосема извесно е дека со ваков состав ќе биде тешко и мора да се работи на добивање дозвола за дел од странците кои се ангажирани за да се биде конкурентен во трката по место во плеј-офот.

12 септември 2021
22 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
12 септември 2021 20:14 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 12.09.2021 60'

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1222Пораз
ПРОЛЕТ1324Победа

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Костадин Петровпивот16
4Александар Петковскидесен бек04
10Даниел Дупјачанецголман00
12Давид Брестовацголман00
13Златко Хорватдесно крило17
19Милан Лазаревскипивот20
28Андреј Митиќпивот11
33Бобан Каковскицентрален бек01
51Димитар Бардакоскиголман00
64Велко Маркоскилев бек03
 Вкупно 522

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот11
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек01
11Виктор Додевскидесно крило00
12Матеј Ивановскиголман00
13Мартин Димовдесно крило01
15Ласко Андоновскицентрален бек03
18Иван Џоновлев бек01
19Доне Мајновдесен бек13
21Филип Крстевски-10
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек05
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило04
99Андреј Петковскиголман00
99Жарко Пејовиќцентрален бек05
 Вкупно 324

Officials

Делегат:Судии:
НИКОЛОВСКИ АЦОНАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ