Металург заслужи победа, но со реми против Адемар се прости од Европа

Ракометарите на Металург со реми против Адемар Леон, 27-27, се простија од европските настапи оваа сезона. Иако избраниците на Оливер Димитриоски заслужија триумф според прикажаното, сепак на крајот освоија само бод, кој не менува ништо на табелата.

Металурзите отворија со водство од 5-2, имаа неколку шанси и да ја зголемата разликата во своја корист, но не погодуваа бидејќи Славиќ бранеше одлично. Како одминуваше времето така Адемар Леон се враќаше во игра и израмни на 5-5.

Во продолжение се играше најчесто гол за гол, но во финишот на полувремето предводени од искусниот Дупјачанец на голот и Калуѓеровиќ во нападот, домашните си ја вратија предноста од плус три, 15-12.

Хорват имаше шанса од пенал да донесе и поголема залиха на истекот на првите триесетина минути, но Славиќ одбрани и на полувреме се замина со 16-13 за тимот од Автокоманда.

Металург – Адемар (Лига на Европа)

Ракометарите на Металург ги завршија настапите во Лигата на Европа, а на последниот натпревар одиграа нерешено, 27:27 против тимот на Адемар Леон. Натпреварувањето во Групата А го финишираа со четири поени.

Во вториот дел беше 19-16, Адемар Леон се врати на минус еден 19-18 и во прдолжение предноста за металурзи беше еден или два гола разлика. Така беше се до 53. минута кога шпанскиот состав израмни на 24-24.

По две грешки во нападот, крилата на Адемар – Кариљо и Перез, погодија за највисока предност на гостите, 24-26. Хорват намали на минус еден, Металург имаше шанса за реми, но Додиќ погреши и гостите казнија за 25-27 на две минути до крајот.

Серафимов намали на 26-27 на триесетина секунди, гостите згрешија и имаше уште десет секунди за напад. Добро изработена акција и Калуѓеровиќ погоди во мрежата на Адемар Леон за заслужен бод на простувањето од Лигата на Европа, 27-27.

2 март 2021
27 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
2 март 2021 19:49 ЛИГА ЕВРОПА A 2020/2021 02.03.2021 60'

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1627Реми
Адемар Леон1327Реми

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек00
6Милан Поповиќлево крило02
7Дарио Кофилоскилево крило00
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило01
13Златко Хорватдесно крило03
15Василије Калуѓеровиќлев бек05
17Мартин Серафимовдесен бек07
19Милан Лазаревскипивот10
20Даниел Ѓорѓескиголман00
26Марко Тарабокијацентрален бек04
28Андреј Митиќпивот11
42Момир Рниќлев бек02
44Стефан Додиќцентрален бек02
 Вкупно 227

Адемар Леон

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Ервин Јан Фојхтманлев бек14
7Антонио Суарез Дијазцентрален бек01
9Педро Мартинезцентрален бек02
12Ендру Лауренс Донлинпивот02
14Милан Гостовиќдесен бек03
15Хозе Мариа Кариљолево крило02
16Дино Славиќголман00
17Хаиме Фернандезлево крило14
19Гонзало Перез Арседесно крило07
24Антонио Мартинездесно крило00
28Леандро Елиас Боргес Силва Семедолев бек01
35Матеуш Пиечковскипивот01
37Олег Киселевлев бек00
99Карлос Хонрадо Кристобаленаголман00
 Вкупно 227