Металург замина за Шпанија, во Скопје останаа двајца членови на стручниот штаб

Утринава околу 4:00 часот, тимот на Металург тргна на долг пат до шпанскиот град Леон, кој ќе трае повеќе од 40 часа.

Вчерашните тестови за коронавирус се негативни кај сите ракометари, па тренерот Оливер Димитриоски на располагање ќе ја има комплетната екипа.

Сепак двајца членови од стручниот штаб останаа во Скопје. Едниот имаше позитивен тест на коронавирус, а другиот поради семејни причини не замина во Леон.

Се очекува Металург во Леон да стигне во вечерните часови в понеделник, што е хендикеп за екипата која веќе следниот ден ќе има натпревар во Лига Европа.

Натпреварот со Адемар Леон, од третото коло на Лига Европа, на програмата е во вторник, со почеток во 20:45 часот и ќе се игра во градската „Палата на спортовите“.

Металург во Шпанија ќе патува со АВТОБУС на дуел со Адемар Леон!