Металург загуби од вториот тим на Еурофарм Пелистер

Составот на Еурофарм Пелистер 2 имаше успешна контрола, а успеа да го совлада тимот на Металург со 29:21.

За екипата од Автокоманда ова е нов пораз откако пред неколку дена загубија и од првата екипа на Еурофарм Пелистер, а претходно и од составот на Вардар.

Металург со ова одработи еден дел од подготовките и сега ќе го има Струшкиот турнир каде што ќе треба да се одиграат уште три натпревари.

Еурофарм Пелистер 2, пак, покажа добра форма иако не е комплетен бидејќи има дел од ракометарите кои се на ЕХФ шампионатот за кадети така што ова е добар знак за новата сезона.

Претходно Еурофарм Пелистер 2 го совлада и Прилеп со 31:24.

Еурофарм Пелистер 2 со убедлив триумф над Прилеп