Металург е во елитно друштво во ЛЕ – Магдебург, Монпелје, Висла…

Ракометарите на Металург иако загубија од Криенс Луцерн, сепак обезбедија место во групната фаза од Лигата на Европа.

По Еурофарм Пелистер кој имаше директно место во групите, тимот од Автокоманда ќе биде вториот македонскиот претставник во оваа фаза.

Во групите веќе се пласираа тимови како Магдебург, Монпелје, Рајн Некар, Фуксе Берлин, Татабања, Адемар Леон…

Во очекување на деталите за ждрепката која треба да се одржи утре, јасно е дека Еурофарм Пелистер ќе биде позициониран во третиот шешир, додека металурзи во шестиот или во најдобра варијанта во петтиот шешир.