Металург го доби првото засилување за новата сезона

Екипата на Металург за новата сезона го доби првото засилување во своите редови. Раководството на клубот реши да ја ангажира Александра Коловска од градскиот ривал, Вардар.

Коловска потекнува од школата на Кастратовиќ, а последните години настапуваше за младинските селекции на Вардар. Игра на позиција пикер и освен добрата игра во нападот може да покаже и одлична партија во одбраната.

Со Металург, Коловска освен на домашна сцена ќе настапува и во европските купови. Металург одлучи да се пријави во Европскиот Куп за престојната сезона.

За следниот период се очекуваат уште неколку млади ракометарки во Металург.