Металург во сè поголема криза – четврти пораз во низа, загуби и од Тиквеш

Продолжува кризата на Металург на почетокот на сезоната, тимот од Автокоманда го забележа четвртиот пораз откако загуби на гостувањето кај Тиквеш со 21:19. Ова беа први бодови за екипата од Кавадарци, а на дното на табелата остануваат Скопје и Металург без бодови.

После почетните 1:0 за домаќинот, Металург постигна три гола и го имаше стартното водство. Продолжи добрата игра на гостите и во 17. минута имаа највисоки пет гола позитива кога водеа 5:10.

Но тогаш започна сериајта на Тиквеш и со четири гола се вратија на негатива од еден гол. До полувремето Металург успеа да ја задржи предноста и на пауза да замине со два гола предност од 11:13.

Во вториот дел продолжи големата борба на теренот, се играше доста цврсто со многу исклучувања. Милан Лазаревски во 44. минута заработи директен црвен картон, а ракометарите на Тиквеш го искористија тоа. Домаќините успеаја да израмнат на 16:16 и до крај на дуелот направија пресврт за триумф и први бодови.

Најефикасен во составот на Тиквеш и најзаслужен за победата беше Јане Јанчев со девет гола, а Дарко Кондев му беше добра поддршка со пет погодоци. Голманот Стојаноски имаше одлична партија и собра 12 интервенции само во вториот дел. Во составот на Металург најефикасни со по пет гола беа Александар Петковски и Бобан Каковски.

26 септември 2021
21 - 19
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 септември 2021 20:37 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 26.09.2021 60'

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141121Победа
МЕТАЛУРГ1319Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Стојаноскиголман00
3Дарко Кондевлево крило15
9Орданчо Лазовлево крило01
10Стефан Дрогришкилев бек21
12Марјан Велковголман00
14Марио Гичевцентрален бек20
15Борче Соколовцентрален бек00
18Евгениј Темелкоскидесно крило00
19Дејан Гошевскидесен бек00
22Стефан Трпчевскидесен бек02
26Ристо Окардовпивот01
33Страхиња Симиќцентрален бек01
44Марко Трајковскипивот01
77Јане Јанчевцентрален бек09
 Вкупно 521

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Костадин Петровпивот11
4Александар Петковскидесен бек05
7Дамјан Субашевски-00
10Даниел Дупјачанецголман00
12Давид Брестовацголман00
13Златко Хорватдесно крило12
15Улисес Рибеиролево крило03
19Милан Лазаревскипивот20
24Халил Озтурклев бек12
28Андреј Митиќпивот00
33Бобан Каковскицентрален бек25
51Димитар Бардакоскиголман00
64Велко Маркоскилев бек00
93Абдулах Манелев бек01
 Вкупно 719

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515