Металург Автокоманда промовира три млади ракометарки – потпишаа Маринчов, Кралева и Беровиќ

По трансферите на левото крило Сара Миновска и голманката Амра Терзиќ, тимот на Металург Автокоманда промовираше уште три нови ракометарки.

Станува збор за Mиа Маринчов, Таида Беровиќ и Михаела Кралева, кои досега беа дел од тимот на Металург.

Сите три ракометарки настапуваат на левата бековска позиција. Кралева и Маринчов имаат по 16 години, додека Беровиќ е една година помлада.

Во Металург Автокоманда тие ќе играат под водство на Јулијана Дамчевска, која исто така им беше тренер во Металург.

Новиот тим во Женската лига во најголем дел ќе смета на играчите кои беа дел од Металург, но ќе ангажира и засилувања во борбата за што подобар пласман наредната сезона.