Металари: Нè возвраќаме соодветно за сè што направи Мукаетов во ракометот

Човекот, кој е дел од Ракометната федерација на Македонија од нејзиното осамостојување потенцира дека актуелниот прв човек Живко Мукаетов е претседател кој најмногу дал на македонскиот ракомет, а добил многу малку за возврат.

Во интервјуто за 24ракомет Камер Металари искажа големо жалење што работата на актуелниот претседател на РФМ, Живко Мукаетов, кој заедно со неговиот Управен одбор, Федерацијата ја искачи на рамниште со ракометните велесили и по седум години не го добил заслужениот фит-бек, пред се на резултатски план.

„Сум работел и со сите претседатели од Бојков, Кадиевски, Трифун, Михајловски и сега Мукаетов. Сите на свој начин допринеле за ракометот и сите се труделе до еден, но ова што се прави сега, што го имаме сега тоа е голем пресврт, организациски и финансиски. За разлика од сите други претседатели кои воделе и клубови, Мукаетов е единствениот кој е комплетно неутрален и неговите заложби се еднакви за сите. Жал ми е што, почнувајќи од мене, па преку играчите, вработените, сите инволвирани во ракометот, нè возвраќаме соодветно за сè што направи во ракометот. Ние сега имаме услови рамноправни со сите ракометни веле сили, а резултатски тоа не сме го оправдале. Сите ние како учесници во ракомет не враќаме на Мукаетов и на Управниот одбор за условите за работа кои ги имаме. Сега и со потезите кои ги направи околу првенствата е еден од ретките кои превзема сè на себе, и со новите услови, дава огромна помош на клубовите и на ракометот. Тој направи многу. Сите се труделе, не смеам да го негирам тоа, но тој ни даде врв и верувам дека потребно е да се даде потстрек за повеќе и да се возврати и резултатски“, потенцира Металари.

Комплетното интервју може да го прочитате на следниот ЛИНК.