Металари и Николовски со европски обврски

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за следните натпревари во европските купови.

Покрај арбитрите од Македонија, работни обврски ќе има и за двајца делегати – Камер Металари и Ацо Николовски.

Металари ќе биде делегат на двата меча во Бодрум од второто коло на Европскиот Куп во женска конкуренција меѓу турскиот Јаликавак и португалскиот Сао Педро Де Сул.

Овие натпревари се играат на 23 и 24 септември од 16:00 часот.

Николовски ќе биде делегат на првиот дуел од второто коло на Европскиот Куп во Хаџиќи, меѓу босанскиот тим и турскиот Коњалти Анталија, кој лани го освои трофејот во ова натпреварување и каде што играат три Македонки – Јанеска, Гакидова и Ѓорѓиевска.