МВП на 9. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Даниел Ацев (Вардар Неготино)

Голманот на Вардар Неготино, Даниел Ацев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Велешанецот беше меѓу клучните ракометари на Вардар Неготино во високиот триумф над составот на Радовиш.

Тој освои околу 45% од гласовите, а второпласираниот Петар Маркоски од Струга собра околу 18% од вашите гласови.

Во трка за МВП беа уште и Реваз Чантурија, Усама Хосни, Мирко Мајиќ, Себастијан Хенеберг и Ласко Андоновски.