МВП на 8 коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Жарко Барјактаревиќ (Струга)

Десниот бек на Струга, Жарко Барјактаревиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.

Барјактаревиќ освои околу 40% од гласовите, а второпласираниот Бојан Блажески собра околу 34% од гласовите.

Десниот бек на стружани, ја продолжува одличната форма што ја имаше во регуларниот дел од сезоната и во плеј-офот.

Во трка за МВП беа уште и Марко Митев, Филип Талески, Мирко Мајиќ, Елмир Граџан и Дарко Ѓукиќ.