МВП на 7. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Страхиња Симиќ (Тиквеш)

Средниот бек на Тиквеш од Кавадарци, Страхиња Симиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.

Симиќ освои околу 42% од гласовите, а второпласираниот Мирко Мајиќ собра околу 16% од гласовите.

Плејмејкерот на кавадарчани, ја продолжува одличната форма што ја имаше во регуларниот дел од сезоната и во плеј-офот.

Во трка за МВП беа уште и Куни Моралес, Филип Талески, Филип Арсеновски, Борко Ристовски и Реваз Чантурија.