МВП на 6. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Марио Миланов (Голден Арт)

Средниот бек на Голден Арт, Марио Миланов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Миланов беше меѓу клучните ракометари во важниот триумф на тимот на Голден Арт над составот на Скопје.

Тој освои околу 56% од гласовите, а второпласираниот Бојан Блажески собра околу 13% од вашите гласови.

Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Јан Чувара, Петар Маркоски, Лазар Адамовиќ и Мариани Гавашелишвили.