МВП на 4. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Давор Шокоски (Прилеп)

Левиот бек на Прилеп, Давор Шокоски, го добива признанието за најкорисен играч, односно МВП на 4 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.

Шокоски освои околу 72% од гласовите, а второпласираниот Дејан Гошевски собра 14% од гласовите.

Левиот бек на прилепчани ја продолжува одличната форма што ја имаше во регуларниот дел од сезоната и во плеј-аут.

Во трка за МВП беа уште и Славјан Паунов, Кристијан Ристов, Страхиња Симиќ, Елмир Граџан и Јосип Божиќ Павлетиќ.