МВП на 21. Коло во Супер машката лига – Давид Савревски (Вардар)

Младиот ракометар на Вардар, Давид Савревски се најде првпат во изборот на колото во Супер машката лига и успеа да добие најголем број на гласови и го добива признанието за играч на 21. коло.

Савревски доби речиси 46 проценти од гласовите така што тоа му овозможи да има речиси двојно повеќе од новиот соиграч, Стефан Додиќ, кој во минатото коло играше за составот на Охрид.

Во изборот за 21. коло беа и: Василије Печурица (Струга), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Тимур Дибиров (Вардар), Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) и Васко Димитровски (Еурофарм Пелистер 2).